КОНЕЧНО: Најавени обилни врнежи од дожд – ЕВЕ КОГА

Славчо Попоски утрово најави дека регионот ќе биде зафатен со влажна воздушна маса и ќе имаме обилни врнежи од дожд.

Во продолжение целата прогноза:

„Конечно следната седмица на Балканот и долж Јадранот доаѓаат доста обилни врнежи од дожд, а планините ќе побелат поради очекуваните снежни врнежи, особено на северен Балкан, но и на останатите планини можна е тенка снежна покривка.

Сето ова ќе биде проследено со силен, повремено и со олуен ветер од јужен и од југоистоичен правец во најголем дел од Балканот.

Ова е поради изразениот циклонски систем кој ќе биде со центар над Италија, и конечно овој циклон ќе донесе крај на сушата!, напиша Попоски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде