OГРОМНА ТАГА Почина мајката на познатата водителка: Сања ја дознала трагичната вест на снимањето на емисијата

Водителката на најгледаното српско шоу „Магазин ин“, Сања Маринковиќ утрово доби лоша вест додека снимаше уште едно издание на емисијата.

За жал, мајката на Сања ненадејно починала по кратко и тешко боледување.

Медиумите ја побарале водителката која е неутешна и која во кратка изјава открила како се чувствува:

– Им благодарам на моите пријатели, колеги и на сите кои беа со мене во изминатите недели и ги разбраа тешките моменти низ кои поминував.

Се трудев да работам и да живеам што повеќе, бидејќи борбата за здравјето на мајка ми беше многу тешка и знаевме дека нема лек, а сите секогаш веруваме во чуда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде