Започна етапната исплата на ученичките стипендии на сите корисници кои правото на стипендија го стекнале во некоја од изминатите учебни години,
а го продолжиле во тековната, информираа од Министерството за образование и наука (МОН).
Оттаму посочија дека сите постојни корисници на ученички стипендии ќе добијат средства за три месеци – септември, октомври и ноември до крајот на следната недела.
Се работи за 6.350 средношколци-стипендисти, на кои ќе им се исплатат вкупно 66 милиони денари.