Кога последен пат беше видена, носеше фармерки, бела маица, зелена јакна и црни патики. Нејзиното семејство е во потрага и бара каква било информација што би помогнала во потрагата.
Двајцата беа со мене и нашата сестра Кристина на денот кога исчезнаа. Се расправаа додека беа кај нас, а Елвис дури и удри два шамари. Таа му врати. По расправијата заедно излегоа од куќата и оттогаш немаме контакт, изјави за Нова.рс сестрата на исчезнатата Тамара, Саманта Новаков.
Тој ден, 19 октомври, Тамара Новаков (19) и нејзиното момче Елвис Николиќ (23) заедно заминале во непознат правец и повеќе никогаш не контактирале со родителите. Целата ситуација станала алармантна кога Елвис бил пронајден мртов. Неговото тело беше пронајдено на 27 октомври во каналот Дунав – Тиса – Дунав, во градот Јаношик, североисточно од Белград.
Обдукцијата покажала дека се удавил. Полицијата пребарува низ Белград, но се уште нема трага од Тамара. Кога последен пат беше видена, носеше фармерки, бела маица, зелена јакна и црни тениски чевли.
Во полиција нејзиното исчезнување го пријавиле сестрите на исчезнатата Тамара.
Загрижени сме бидејќи досега не се случило Тамара да замине и да не контактира со семејството. Некогаш одеше кај нејзиниот дечко на неколку дена, но секогаш се јавуваше и секогаш знаевме каде е. Но, откако вечерта и двајцата излегоа од куќата на сестра си, откако се скараа, никој ништо не знаеше за нив, па решивме да го пријавиме нивното исчезнување во полиција – изјави сестрата на исчезнатата Тамара.
Иако врската на младиот пар пред нивното исчезнување не била идилична, а во меѓувреме Елвис бил пронајден мртов, семејството на Тамара не губат надеж и се убедени дека нивната ќерка и сестра е жива.