Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека попладнево најзагаден е воздухот во Тетово и Кавадарци.
Во овие два града, воздухот е високо загаден. Гостивар, Кичево, Битола и делови од Скопје се со средно загаден воздух.
Во другите градови, воздухот е ниско загаден или многу ниско загаден.
Состојбата со квалитетот на воздухот варира од час во час.
Деновиве, Скопје беше меѓу најзагадените градови во светот.