Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините ќе има услови за појава на магла.
Претпладне во јужните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко со услови за појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 10 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет.
-Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), а поради продор на постудена воздушна маса од север, во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, соопшти УХМР.