Братучетката на Зорица на судењето за Вања: Александар ми рече да барам помош од Илон Маск!

Сведокот на судењето за Вања, Маја Спировска братучедка на Зорица вели „Александар едно време на Илон Маск ми рече дека треба да пратам порака, за да ја најде по сателит. Јас не знаев како да исконтактирам со Илон Маск“.

„Јас немав многу контакт со таткото на Вања, тој излегуваше, влегуваше, беше вознемирен… Тој цело време ѝ велеше на Зорица дека ќе ја најде Вања. Не зборував директно со него на оваа тема, јас повеќе бев со Зорица.

Едно време на Илон Маск ми рече дека треба да пратам порака, за да ја најде по сателит. Јас не знаев како да исконтактирам со Илон Маск.

Јас не сум ја видела пораката која Александар ја испратил во групата на училиште, но ми кажаа дека пишувало: Вратете го детето ќе ви дадам пари.

Потоа јас видов само дека пораките се избришани. Јас го познавам лицето кое ми ја покажа пораката“, сведочи Маја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде