Доколку патувате на овој патен правец бидете крајно внимателни!
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Градско – планински превој Плетвар, соопшти ЈП Македонија пат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување на возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.