Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека при експлозија на бомба повреден е Раде Штекли, во јавноста познат како припадник на криминалното подземје.
Тошковски кажа дека лошо е што криминални банди хараат и денес и оти МВР сурово ќе одговори против оние кои ги вознемируваат македонските граѓани.
На новинарско прашање зошто полицијата не им влегува во траг на криминалците бидејќи заканата кон Штекли била објавена вчера на социјалната мрежа ТИК-ТОК, министерот кажа дека прашањето било на место но тој ќе бил искрен и полицијата ќе одговорела согласно капацитетите.
Полицијата го започна увидот по експлозијата на бомба во двор во скопска Ќерамидница.
Репортерот на Курир од лице место јавува дека пристапот е ограничен, а екипи од повеќе полициски единици се на терен и вршат увид. Околните жители велат дека експлозијата била многу силна и страшна.
-Првично помислив дека можеби е нешто во топланата, но потоа се утврди дека станува збор за фрлена бомба, вели еден од соседите.
Видео: Курир.мк