ДОАЃА ПОЛАРЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: На овие места се очекуваат 40 см снег

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висински циклонски систем кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, од претстојната ноќ, па се до петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

На планините, како и на некои повисоки населени места врнежите повремено ќе бидат од снег, па така ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер, кој особено во петок повремено ќе биде засилен на интензитет, и најизразен Долж Повардарието. И во Скопскиот регион следува слично време, ќе има повремени врнежи од дожд во следниот период, додека на околните планини повремено ќе врне снег, а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, особено во петок.

Потоа, за време на викендот ќе настапи разведрување ама утрата ќе бидат многу студени и со појава на мраз. Минималните температури тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени.

Максималните дневни температури пак ќе бидат исто така значително под просекот се до 17 Ноември, и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Краткотрајно затоплување ќе има по 17 Ноември, а околу или по 20 Ноември повторно следува нова голема промена на времето и продор на нов многу ладен бран од север“, напиша тој.

По 20 Ноември на планинските места, особено во западните и во северозападните предели од Македонија ќе пристигне првата позначителна снежна покривка која локално и ќе надминува 40 cм. Со ова, лубителите на скијањето и на снегот би можеле да си дојдат на своето уште од овој месец.

Исто така, покрај планинските и скијачките места, во тој период повторно ќе има услови за врнежи од снег и формирање на нова снежна покривка на местата со помала надморска височина (населените места).

Состојбата и понатаму ќе ја следам постојано, со што јавноста навремено ќе биде информирана за секоја ново – настаната временска состојба, напиша тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде