Еве каде вее снег во моментов низ Македонија ФОТО

До крајот на денешниот петочен ден во Македонија ќе имаме претежно облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието.

Во југозападните предели ќе има врнежи од дожд, додека на планините, а потоа во вечерните и ноќните часови кон утрешниот саботен ден и во некои повисоки населени места ќе има повремен снег.

Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина.

Утре (сабота) рано наутро сеуште во југозападните предели ќе има повремен дожд и снег, додека веќе во текот наденот, како и во недела ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност.

Во недела во утринските часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, која понекаде ќе биде многу густа.

И во Скопскиот регион до крајот на денешниот петочен ден ќе имаме претежно облачно време со услови за сосема слаб локален дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец.

За време на викендот пак и таму ќе имаме претежно сончево време со појава на мала локална облачност. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

На планинскиот превој Стража утрово интезивно паѓа снег при што снегот се задржува на коловозот.

„Почитувани, внимавајте доколку патувате кон планинскиот превој Стража, во моментов има обилни врнежи од снег кои формираат снежна покривка, а снегот се задржува и на коловозот!“, напиша на Фејсбук профилот Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде