Најнова вест: Полицијата врши проверки, еве колку треба да биде длабочината на шарата на гумите!

Од денеска и официјално стартуваше обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Полицијата од првиот ден интензивно е на терен и ја проверува длабочината на шарата на гумите на возачите.

Тие делеа совети и летоци до возачите, што треба да сторат во зимски услови.

Според прописите во Македонија секое патничко возило кое учествува во сообраќајот од денеска па до 15 март идната година, мора да има зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 милиметри, или пневматици со летен профил ако возилото во приборот има синџири за снег за погонските тркала или други соодветни помагала.

За возилата со 4×4 погон зимските пневматици мора да бидат со длабочина на шарата од 6 mm, а иста е одредбата и за товарните возила и автобусите, кај кои доколку заради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и лопата.

Законски, како зимски пневматици се сметаат оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака MS, M+S, M&S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва, додека пневматици со клинци се забранети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде