Славчо Попоски со најнова прогноза: „Ла Ниња“ на најјако!

Климатскиот ладен феномен “Ла Ниња” кој станува се посилен и својот максимум ќе го достигне на самиот крај од оваа 2024 година, исто така  и значително веќе го чувствуваме, во периодот од Декември до Март ширум Европа, и Балканот ќе предизвика се почести екстремни метеоролошки појави.

Во зависност од областа, ќе има екстремни врнежи од дожд и снег, а чести ќе бидат и екстремно ниските температури на воздухот оваа зима.

Дури може да го почувствуваме студот како дамнешните деведесетти години, кога зимите биле многу поостри и со многу снег.

Сепак ,студот а и почестите снежни врнежи во Европа и на Балканот и тоа како ги чувствуваме  и имаме уште од овој месец, а тоа е знак дека Ла Ниња веќе на голема врата ни е пристигната.

Нов ладен бран Балканот треба да го зафати веќе од 20 Ноември па во деновите потоа, кога очекуваме да донесе позначително количество на снег, и поголем студ.

Ла Ниња ќе се задржи со помал интензитет и во пролетните, како и во почетокот на Летните месеци, а во најголем процент ќе ја имаме неутралната фаза.

Се на се, пред нас е многу поинаква зима, многу постудена, со повеќе снег и со поголема веројатност за поекстремно ниски температури и за многу повеќе снег.

Ладни бранови кои би условиле појава на снег би можеле да имаме  и во почетокот на пролетта, а што се однесува до лето 2025 засега, многу мали се шансите да се повтори годинешното екстремно топло и долго лето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде