Нов поларен бран се очекува следната ндела да се спушти од Артикот, и да достигне се до Балканскиот полуостров.
Метеопрогнозерот Славчо Попоски најавува нагло и значително заладување.
– Вечерашниот излез на прогностичкиот модел (ECMWF) Европски Центар за Среднорочна Прогноза упорен во поглед на моќното спуштање на поларниот бран од Арктикот кон Балканот и тоа од 20 Ноември па во деновите потоа.
Освен снег, во Алпскиот регион ќе донесе температури и под – 20 степени, ширум Балканот на многу места температури до -10 степени, понекаде до околу, па и под -15 степени!
Се на се, ова стварно наликува како да сме Јануари, а не Ноември – посочува Попоски.