(ВИДЕО) Се појави снимка од експлозијата на бомба од домот на Раде Трајковски – Штекли

Пред три дена се случи трет обид за убиство на озогласениот Раде Трајковски – Штекли во неговиот дом во скопска Ќерамидница. Во текот на вчерашниот ден пак, медиумот 4news објави ексклузивна снимка од фрлената бомба во домот на Трајковски, а според наведувањата на медиумот бомбата била управувана со далечински управувач.

Преку упад во системот за камери, чинителите на ова дејство знаеле во кој момент бомбата треба да биде активирана. На кратката снимка која ја објави медиумот се гледа дека датумот на видеото е 14.11.2024 година. Истата е активирана во точно 9 часот и 16 минути наутро во четвртокот.

На кратката снимка за која се тврди дека е автентична, јасно се гледа како Трајковски се движи во дворот од куќата со своето куче „Скај“ за кое отпосле истиот Штекли нудеше парична награда. Од краткото видео може да се забележи како низ од портата има чад.

За ваквите немири се огласи и првиот човек од македонското министерство за внатрешни работи, Панче Тошоковски кој најави жестоко возвраќање.

Ова не е првпат да има видео од обид за убиство на Штекли.

Останува да видиме која ќе биде разврската во скопското подземје. Најави од новата власт и министерот Тошковски има дека жестоко ќе биде возвратено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде