Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Јапонија, соопшти Главната метеоролошка агенција на земјата.
Земјотресот се случил во 21.16 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри од североисточниот брег на островот Кошима во Источното Кинеско Море.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 6,2 степени.
Засега нема информации за евентуални жртви или штети од последиците од земјотресот.
Не е прогласена закана од цунами, пренесува Спутник.