Метео анализа на Славчо Попоски:
Почнувајќи од 20 Ноември (среда) целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе бидат зафатени од моќен циклон кој ќе биде со центар токму над Балканот, но и над Италија и истиот ќе условува обилни врнежи, најпрвин од дожд, а потоа од снег.
Сето ова ќе биде проследено со бурен ветер, кој понекаде ќе достигнува брзина од над 80/90 км/час, локално и со брзина дури и од над 100 км/час.
Снег ќе го покрие речиси целиот Балкан следната седмица, а што се однесува до Македонија, истиот ќе го има особено на повисоките места и на планините,
но од средината на седмицата, поточно од четврток 21.11.2024 повремен снег ќе има понекаде и на пониските места, особено во западните и во северните предели. Можно е помало формирање на снежна покривка и во пониските места во Македонија.
Поради заладување од среда, најпрвин во земјите од регионот врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, како на планинските, така и во населените места (градовите). Меѓутоа, на планините ќе се формира првата значителна снежна покривка за оваа сезона. Помала снежна покривка ќе има понекаде и во градовите.
По 20 Ноември на планинските места, особено во западните и во северозападните предели од Македонија ќе пристигне првата позначителна снежна покривка која локално и ќе надминува 40 cм.
Овој циклон во Македонија исто така ќе услови обилни врнежи од дожд, особено од среда ноќта кон четврток и во четврток. Најпрвин ќе дува силен ветер од јужен и од југозападен, а во четврток од западен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина од над 80 км/час).
Во четврток поради позначително заладување, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира нова снежна покривка. Повремен снег во четврток ќе има и во некои пониски места (градови).
Што се однесува до температурите, во почетокот на следната седмица тие ќе бидат во помало покачување, а веќе во четврток повторно нагло и значително ќе опаднат.
Овој ладен бран следната седмица на многу места во регионот ќе донесе многу ниски температури, кои наутро на повеќе места ќе се споуштаат до околу -10 степени, додека на повисоките места и на високите планини тие ќе се спуштаат до околу, па и под -15 степени. Многу студено ќе биде и преку ден па така на могу места температурите едвај ќе надминуваат нула степени, а понекаде ќе останат и под нулата.
Што се однесува до температурите кај нас, во почетокот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, додека во четврток нагло ќе опаднат и ќе се искачуваат од 3 до 10 степени, а дополнително заладување ќе имаме во четврток доцна попладне и навечер, па така во петок наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2, а на високите места и планините тие би можеле да бидат и пониски.
После оваа голема промена на времето, следува уште еден продор на студен бран, но овој нов продор барем одсега гледано ќе биде уште посилен и со уште пониски температури.
Понатаму во следните мои метео објави следува нова и по потреба обновена детална анализа токму околу оваа голема промена на времето.