Трогателно збогување со убавата Ања, која почина по 17 дена борба: Зборовите ја кинат душата, премногу тага!

Ања беше извлечена од урнатините по падот на нереконструираниот дел од настрешницата во Нови Сад. Имала внатрешно крварење, раката и била ампутирана и била приклучена на дијализа. Семејството и нејзиното момче деноноќно беа во болница и се молеа за нејзино оздравување, пренесува српски Информер.

Информацијата дека Ања Радоњиќ починала ја потврди в.д директор на Клиничкиот центар „Војводина“, Весна Туркулов.

– Се работи за пациент со најтешки повреди. Ања е петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход.

Во името на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам најдлабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа се од себе, рече Туркулов.

Нејзиното момче беше сведок на овој трагичен настан. Двајцата разговарале на телефон додека таа излегувала од станицата во Нови Сад, а потоа на само неколку метри од него се случи трагедија.

– На сите им е тешко, а тој, како што рече, бил на неколку метри од неа. Ја чекал да излезе од железничката станица. Во моментот кога се случила несреќата, кога паднала настрешницата, двајцата разговарале на телефон… Тој гледал се, секој момент, изјави роднина на Ања.

„Збогум Ања. Tи личиш на мојата Вера, моите студенти, на девојката која зимата продаваше крофни во трговски центар и беше љубезна и насмеана, иако беше навистина, навистина гужва“

Ања била студентка на Филолошкиот факултет во Белград, студирала кинески.

Семејството и пријателите се збогуваат со неа на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде