Страв и ужас во Австрија. Австријците се згрозени од веста дека 29-годишна мајка го избодела до смрт својот 4-годишен син со нож во неделата наутро во 7 часот и 30 минути во Виена. Особено станарите од зградата во виенскиот 11-ти станбен кварт Фаворитен, каде што се случи злосторството.
Според медиумите, за убиството на момчето е осомничена мајката на момчето, 29-годишната Елифнур О., со турско потекло, која работела како помошничка во градинка.
Соседите, како и нејзината најдобра пријателка, ја нарекуваат „мајка полна со љубов“. Никому не му е јасно што се случило кога мајката кренала рака на сопственото дете?
За време на убиството во станот бил и сопругот на 29-годишната жена. Тој повикал брза помош и полиција, која исто така била шокирана кога го пронашла безживотното тело на момчето облеано во крв.
Како што пишува „Хејте“, по пристигнувањето на полицијата, таткото на момчето бил облеан во крв од очајните обиди да го спаси синот, набргу потоа колабирал, липајќи на скалите.
По полицијата на местото на злосторството пристигна форензичар, а на крај возилото на погребалното друштво со ковчегот на детето. Страв и ужас во неделата наутро за жителите, кои не можеа да поверуваат дека момчето од приземјето на нивната зграда е убиено.
„Неутешни сме! Срцето ни е скршено што ова слатко дете е мртво. Со часови се надевав дека е несреќен случај“, плачеше Хасрет Д.(34), добра пријателка на Турчинката осомничена за убиство.
„Не можам да замислам дека би направила такво нешто“, вели пријател на осомничената, која е и асистент во градинката и често биле заедно.
„Никогаш никому ништо лошо не направила, а синот си го сакала многу“, вели 34-годишната жена чии деца често си играле заедно, а таа и нејзините деца летно оделе на базен да пливаат.
Мајката осомничена за убиство на сопствениот син била уапсена од полицијата и со повреди на рацете однесена во болница. Според „Хејте“, таа најверојатно наскоро ќе биде префрлена во истражен затвор. Весникот посочува дека додека не се докаже спротивното, мајката на момчето се смета за невина.
Се уште не е познат мотивот за убиството. Истрагата е во тек.