Зголемувањето на платите во здравството за 10 проценти е договорено со анекс на Колективниот договор за здравствена дејност на состанокот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Самостојниот синдикат на Клинички центар Скопје и Владата.
Покачувањето на платите ќе почне да се применува од ноември, за што работна група со претставници од Министерството за здравство и ФЗОМ ќе работи на усогласување на анексот.
На прес-конференцијата по средбата, на која присуствуваа и лидерите на двата синдикати и премиерот Христијан Мицкоски, тој изрази задоволство од постигнатиот договор.
„Со овој анекс на Колективниот договор успеавме да ги поправиме коефициентите на вработените во здравството. Конкретно, станува збор за корекција на коефициентот 0,233, што во превод значи повисока бруто плата за сите вработени од 3.650 денари или 2.450 денари во нето износ.
Откако беше договорено платите во здравството да се зголемат за 10 отсто на паричната маса наменета за покачување на платите во здравството, се огласи д-р Нико Беќаровски.
„Ако 2450 денари е 10% зголемување на платата, нека Ве лечат баба Рада и Иван исцелител“, напиша тој на Фејсбук.