Променливо облачно време со повремен дожд во западните делови од земјава, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска.
Врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата во текот на денот, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови.
Дождот ќе продолжи во текот на ноќта, а на највисоките планини врнежите ќе бидат во форма на снег. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, на места и над 70 километри на час.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, а од попладне со повремен дожд кој ќе продолжи во текот на ноќта, кога ќе биде пообилен во делови од котлината. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 2 до максимални 16 степени.