Во името на малцинскиот акционер во ФК Вардар АД Скопје, здружението ,,35 години Вардарци Скопје”, „Комити“ одржаа вонредна прес-конференција.
На прашањето околу тоа зошто се несогласувањата Миленко Неделковски да го води клубот, Миленковски го пренесе ставот на „Комитите“…
„Ние никогаш не сме кажале дека имаме стереотипи кон одредени личности, затоа што и ние се бориме со стереотипи цело време. Ние кажавме само дека Неделковски не е за тоа место во Вардар.
Не е достоен за да биде во Вардар. Ние стоиме зад тоа дека на чело на Вардар треба да биде човек кој не го поларизира општеството и не ги политизира нештата во фудбалот и спортот, туку човек кој обединува.
Затоа што на Македонија и Вардар им требаат само обединување. Но, Владата се појави да помогне, и ни рече дека е силен гарант дека ќе биде се во ред.
Претставник на Владата при нашите разговори со инвеститорот и околу иднината на клубот беше господинот Владимир Неловски, и при тие разговори од Владата ни беше кажано дека ‘Или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои’.
И знаевме дека немаме многу силни преговарачки опции и затоа мораше да се согласиме“ – истакна Милорад Миленковски.