ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: Кекишев тврди дека Палчо не е извршител на убиствата на Вања и Панче, туку…

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: Кекишев тврди дека Палчо не е извршител на убиствата на Вања и Панче, туку…

На крајот од денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски, обвинетиот Влатко Кекишев до Судечкиот совет доставил изјава која ја испратил преку затворот .

Според извори на ТВ21, во изјавата пишува дека првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо воопшто не бил присутен на местото и времето на извршување на убиствата, туку извршител на убиства е Велибор Манев.

Адвокатот на Влатко Кекишев, Игор Ефремов по рочиштето за медиумите изјави дека и тој сега за прв пат ја гледа изјавата,

и е зачуден што не е доставена преку него како бранител на Кекишев, туку е доставена преку затворот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде