Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 км/ч).
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во петок во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни ( над 30л/м2).
Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.
Славчо Попоски на Фејзбук објави дека снег утрово има на Попова Шапка.
Снежно претпладне на Попова Шапка (21.11.2024), напиша Попоски на Фејсбук.