На денешната собраниската седница за поставување на пратенички прашања се случи инцидент помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за да спречи вербалниот инцидент да прерасне и во физички го повика обезбедувањето да интервенира и даде 10 минути пауза.
Ваквиот развој на настаните следеше откако опозициските пратеници почнаа да поставуваат пратенички прашања на денешната седница. ВМРО-ДПМНЕ бараше почитување на Деловникот и поставувања на прашања во рокот од два часа.
-(Апасиев) Мораше да направи инцидент за да биде видлив за граѓаните, рече Мицевски во процедуралното обраќање.Погледнете го видеото ТУКА