Земјотрес во соседството со јачина од 4,5 степени

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.

Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Да потсетиме, утрово околу 9:20 часот земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина, соопшти EMSC.

Епицентарот бил на 11 километри од Јабланица и на околу 30 километри од Мостар.

Земјотресот е почувствуван и на југот на Хрватска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде