Снег и силен ветер: Силното невреме предизвика хаос во регионот, автопатите затрупани

Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија.

Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.

Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.

Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.

Обилен снег падна и во делови од Западна Европа, каде што доведе до големи прекини во сообраќајот, а привремено беше затворена и Ајфеловата кула во Париз.

Службите за итни случаи во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг биле вклучени во повеќе од 380 инциденти поврзани со временските услови во изминатите 18 часа, соопшти денеска полицијата.

Портпаролот на полицијата соопшти дека се повредени најмалку 30 лица, главно полесно, а штетата изнесува повеќе од еден милион евра.

Најпогодени градови биле Фрајбург и Констанц, каде полицијата учествувала во нешто помалку од 300 операции поврзани со временските услови во периодот од четврток попладне до петок наутро, соопшти полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде