Низ Србија денеска попладне почна да паѓа снег кој предизвика проблеми низ државата. Во Белград дува силен ветер, а снегот се задржува на покривите. Поголем проблем се појави на Иришки венец, кој е целосно покриен со снег и предизвикува метеж во сообраќајот.
Исто така, дождот и топењето на снегот предизвикаа лизгање на земјиштето во кањонот на Лим. Карпи паднаа на патот од Велика Жупа кон Бродарево и местото Стругови.
Снег вее и во Лозница каде е формирана снежна покривка, но во Нови Сад.
Како што соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод, попладнево се очекува значителна промена на времето со локални обилни врнежи – значително заладување, промена на ветерот во умерен и засилен северозападен и премин на дожд во снег, кој, освен на северот на Србија, ќе предизвика формирање на снежна покривка и во пониските и во ридско-планинските предели.
Температурите ќе се движат од нула до 13 степени.
И во Белград најавено е заладување, ветерот ќе се пренасочи кон умерен и засилен северозападен правец и врнежите од дожд ќе преминат во лапавица и снег, а температурата претпладне ќе биде околу 10 степени, а ќе се спушти до шест степени во средината на денот, а до еден степен навечер.
Освен на северот на Србија, ваквите временски услови ќе предизвикаат и формирање на снежна покривка од пет до 10 сантиметри во пониските и од 10 до 20 сантиметри локално и повеќе во ридско-планинските предели.