Бојан Миовски игра феноменално во дресот на Жирона и по само 22 минути игра на дуелот против Еспањол успеа да постигне два гола, а има и една асистенција, а неговиот тим води со убедливи 4:0 по неполни 30 минути игра.
Миовски прво асистираше во 4 минута за погодокот на Жил, а потоа македонскиот репрезентативец реши дека конечно е време да ги тресе мрежите во шпанското првенство.
Се играше 16 минута кога Миовски од непосредна близина погоди за 2:0, што беше и негов прв погодок во шпанското првенство.
Веднаш по првиот, следуваше и вториот гол за Бојан. Во 22 минута Миовски повторно се најде на вистинското место и погоди за 3:0 за Жирона, која потоа со голот на Крејчи стигна и до 4:0 во 27 минута.
Gol de Bojan Miovski
— Goles_ Fut2.0 (@Fut_Goles_) November 23, 2024
Girona 2-0 Espanyol pic.twitter.com/QJlAhIqbEA
Gol de Bojan Miovski
— Goles_ Fut2.0 (@Fut_Goles_) November 23, 2024
Girona 3-0 Espanyol pic.twitter.com/XNwfwlRGTK