Не стивнуваат реакциите по вчерашниот Конгрес на СДСМ.
Овој пат се огласи и Драган П. Латас со негово мислење.
„Експертот за операција на мозоци, Венко Филипче, изврши лоботомија во живо на СДСМ со ветување дека потоа ќе бидат супермени а јавноста ќе живее во зомби фаза заборавајќи кои се и што се.
Со Филипче и СДСМ Македонија би станала клиника наместо држава, спремна за колективна лоботомија по урнекот на таа што ја врши во партијата.
А каде се парите, не кажува ни Венко ни Заев. Лоботомираните не поставуваат такви прашања, зависни се од лекарот и неговите ‘лекови’“, напиша тој.