Вчера во вечерните часови се одржа Конгрес на опозициската СДСМ.
По Конгресот се огласи професорот Ѓорѓи Спасов кој даде свој суд за говорот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, откако присуствуваше на истиот.
„Одличен Конгрес на СДСМ.
Од времето на Црвенковски немавме слушнато толку добро структуриран и мотивирачки говор на лидерот. Има надеж за СДСМ.
Се почуствува денес некоја нова енергија, ентузијазам и желба за победа,за подобар живот и успех на секого а не само на поединци. Тоа е мојот СДСМ“, напиша тој на фејсбук.