3,5 па 3,2 степени. Серија земјотреси синоќа ја погодија Босна и Херцеговина.
Според ЕМСЦ, првиот земјотрес е регистриран во 21 часот и 45 минути со јачина од 3,5 степени по Рихтер.
Епицентарот е на 31 километар северо-западно од градот Мостар.
Потресот го почувствувале над 100 илјади граѓани. Епицентарот бил на длабочина од 5 километри.
Девет минути подоцна регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени или така наречен афтершок.
Сеизомолозите велат дека се очекуваат и понатаму афтершокови после првичниот удар. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.