Согласно одлуката на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), од полноќ се зголемува цената на горивата.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.11.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит.
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,7 отсто.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,489 отсто, кај дизелот за 3,554 и кај екстра лесното масло за 2,215 отсто, а кај мазутот има намалување за 2,312 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7524 отсто.