На 25.11.2024 во 20.40 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода С.А.(43), С.М.(22) и У.К.(26), тројцата од Кочани и И.С.(37) од Пробиштип.
При претрес во домот на С.А. во Кочани, во кој биле затекнати и С.М., У.К. и И.С., извршен со судска наредба,
биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.
С.М., У.К. и И.С. биле затекнати при користење хероин и притоа, исто така со судска наредба, бил извршен претрес на У.К. и била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
Одземената дрога била дадена на вештачење, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.