Фејсбук пост на Кире Михаилов, Заменик Генерален Директор на претпријатието “Македонски Шуми”.
“ПА ГДЕ СТЕ МИШЕВИ”!?
Добро бре мајка му стара,
па јас ве издржав цели 6 години,
Вие не може да издржите ни 6 месеци?
За она што ме фрливте на улица без
тронка човечност и срам, Господ ќе Ви суди!
Но, за она што сте го правеле во ЈП “Македонски Шуми”, ниту бегањето од фирмата нема да ве спаси, ВЕРУВАЈТЕ!
И најважното што треба да го знаете
Ќе ви покажам како се работи и како требало да се работи, а Вас, споредно со тоа, квалитетно ќе ве “сработам” и нема судија, нема обвинител, абе нема човек што ќе ве спаси од одговорноста за направеното!
Ова ви го ветувам на сите кои ќе се најдете во овие неколку реда, без разлика дали ќе избегате од фирмава или ќе останете овде!
На крајот од денот, ја знаете онаа,
НЕ ГО ПРАВЕТЕ НИКОМУ ОНА КОЕ
ШТО НЕ САКАТЕ ВАМ ДА ВИ ГО ПРАВАТ!