Се зголемува минималната плата: Она што е сигурно е дека во март минималната плата ќе се зголеми  околу 1.700 денари – ќе се преговара за повеќе

Желбата на министерот за економија Дурмиши е минималецот да биде 600 евра, но ќе се преговара за 450 евра.

Она што е сигурни е дека во март минималната плата ќе се зголеми  околу 1.700 денари. За ова пари во буџетот се предвидени, но повторно нема да се достигне бројката од 450 евра, нешто што синдикатите го бараат со месеци.

Велат дека и овој износ веќе не е доволен, но ќе се обидат на следниот состанок со владата и работодавачите кој најверојатно ќе биде на почетокот од декември, освен за законското покачување да се најдат плус пари за минимална плата од 450 евра.

  • -Мислам дека на наредната седница, на ЕСС ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме затоа што мораме да се убедуваме за потребите од растот на сите плати вклучително и минималната плата, вели претседателот на ССМ,  Слободан Трендафилов.

Министерот за економија Дурмиши пак вели дека неговата желба е таа да биде 600 евра, но за тоа мора да се консултира и со работодавачите и со останатите колеги од владата.

  • Јас сакам минималната плата и 600 евра да биде. Реално барањето е 450 евра, но јас сакам 600 евра да биде но ајде да ги видиме сите засегнати страни да се отвори темата на маса, во првите денови од декември, таму ќе ги видиме и можностите на Владата да има можност да ги покријат тие и ќе ги видиме барањата на работодавачите, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде