Од утрово започнаа врнежите во делови од Македонија претежно со дожд.
Славчо Попоски информира дека врнежите од дожд полека ќе преминат во врнежи од снег.
,,Дождот кај и да е од север и од северозапад ќе започне да го заменува снегот, што значи снежниот бран ни е се поблиску, до недела навечер, особено во западните,
северозападните и во југозападните предели ќе се формира снежна покривка, локално во градовите до 20 до 30 cм, можно е и повеќе, на повисоките места над 40 cм, а на планинските места и над 60/70 cм снег.
Помала снежна покривка понекаде ќе се формира и на истокот. Се на се, Скијачката сезона започнува порано од вообичаеното!, информира Попоски.