Под влијание на циклонска активност, и на многу влажна и многу постудена воздушна маса од север, денес (петок) како и за време на викендов времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, додека на планините, а потоа и на повисоките, како и на пониските места во западните, северозападните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег.
Сето ова ќе биде проследено со северен и со североисточен ветер, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Локално ќе наврне големо количество на воден талог, особено во западните и во јужните предели од Македонија (и тоа над 50/60 литри воден талог на метар квадратен).
На планините ќе се формира голема снежна покривка (локално над 60/70 cм снег), на повисоките места таа ќе изнесува од 30 до 40 cм,
локално може и повеќе, а во пониските места (градовите) особено во западните, северозападните и во југозападните предели понекаде ќе се формира снежна покривка од 20 до 30 cм, можно е дури и повеќе.
Славчо Попоски објави дека врнежите од снег веќе започнале на Попова шапка.