Утрово околу 05:00 часот, во СВР Велес било пријавено дека во дом на улицата „Благој Ѓорев“ е пронајден починат 43-годишниот А.А. од Велес,
информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на лицето, по што бил известен јавен обвинител.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.