Важно за сите кои утрово патуваат: Поради врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила на овој патен правец

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, во зимски услови, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Ресен, Крушево, Струга, Охрид, Делчево, Маврово, и на планинските превои „Буково“, „Ѓавато“, „Пресека“ и „Плетвар“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила (07:18 часот):

Од 05:00 часот сообраќајот на патниот правец Маврово-Дебар е во прекин за тешки моторни возила. Од 05:45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој „Стража“.

Намалена видливост (07:18 часот):

Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово-Попова Шапка и до 50 метри на планинскиот превој „Плетвар“.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде