Две лица го загубија животот на грчкиот остров Лимнос, во невремето „Бора“ што од вчера ја зафати Грција,
а Лимнос заедно со Родос се најпогодени, иако проблеми има и во други делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во поплавено село на островот Лимнос, вчера животот го загубија две лица, а голем дел од жителите беа евакуирани.
На Родос најпогоден беше градот Иалисос каде што улиците беа целосно поплавени,
а според надлежниот префект Јоргос Хаѕимаркос биле спроведени десетици спасувачки акции, а предизвикана е материјална штета на домови, бизниси и на патната инфраструктура.