УХМР утрово ја објави најновата прогноза: Доаѓа промена на времето!

Претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини.

Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево и тивко со умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.

Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде