Сестра и двајца браќа загинаа во страшна сообраќајна несреќа што утрово се случи во Брчко.
Како што дознава АТВ, сите биле во исто возило, додека возачот на другото возило е тешко повреден и итно е пренесен во Медицинскиот центар во Тузла и е во животна опасност, јавува Српскаинфо.
Според портпаролот на окружната полиција Брчко, трагедијата се случила утрово околу 6:30 часот.
– Окружната полиција Брчко околу 6:30 часот била известена дека на малезискиот пат се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, а во која најверојатно загинале три лица – изјави Хукичевиќ.
Таа додаде дека полициски службеници веднаш дошле на местото на настанот за да извршат увид. За се е известен дежурниот обвинител на Окружното обвинителство Брчко.
Повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.