Уште една тешка сообраќајка во Македонија.
На 03.12.2024 во 14:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито” во Богданци,
патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.Д.(61) од Богданци, удрило во малолетен пешак од Гевгелија, по што го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гевгелија.