Редовната исплата кон земјоделците продолжува
Денес се реализираше исплатата на дополнителната државна помош од 20% за носители на земјоделски стопанства кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност согласно законот за вршење на земјоделска дејност или регистрирани како индивидуални земјоделци согласно законот за пензиското и инвалидското осигурување
Со поддршка од 166.704.501,00 денари се опфатени 3.509 регистрирани земјоделци
Имено денес ќе биде реализирана исплата кон 6(шест) корисници од Програмата за Финансиска подршка на Рурален Развој за 2023 година мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства со вкупен износ од 16.724.726,00 денари
Средствата се наменети за мерка 121 за модернизација на земјоделски стопанства предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник за Мерка 121.12 Набавка на комбајни за жито изнесува 3.000.000,00 денари
Ниту еден земјоделец нема да биде заборавен, објави министерот Трипуновски.