Вечерва трупа снег на овој патен правец – воведена забрана за ТТВ

Дневни информации (05.12.2024, 22:36ч)

ЗАБРАНА ЗА ТТВ: На патниот правец Гостивар – Кичево и обратно преку преминот Стража од 21:40 е воведена забрана за тешки товарни возила.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Слаб снег провејува во П.Шапка, на планинските премини Стража и Маврово. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на планинскиот премин Плетвар.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде