Се преврте „БМВ“, младо момче го загуби животот

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4, делница од село Ново Село кон село Секирник, струмичко,

возило „БМВ“ управувано од Д.Ч.(37) од с.Зубово, струмичко, излетало од патот и се превртело.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде