Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Сулавеси во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 40 километри, соопшти EMSC, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации дали земјотресот предизвикал материјална штета или дали има повредени,
Да потсетиме, Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денескаво северниот дел на Калифорнија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 56 километри југозападно од градот Фортуна и на 260 километри западно од градот Чико во Калифорнија.
Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот океан на длабочина од 14 километри.
По овој земјотрес, како што соопштува и Американскиот геолошки институт (USGS) бил регистриран уште еден прилично силен потрес со јачина од 4,2 степени и најмалку десетина помали афтершокови.