СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот превој Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла од 15 – 20м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, (од Шипковица – Попова Шапка).
Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.