Маж почина на скопските клиники – на трагедијата ѝ претходела сообраќајка

На 6 декември 2024 година, во 16:45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улица „1“ во селото Булачани, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

Во несреќата учествувале „Даеву Матиз“, управуван од З.М. (66) од Скопје, и „Шевролет Авео“, управуван од Р.Ц. (30) од селото Црешево.

Возачот на „Даеву Матиз“, З.М., се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 20:30 часот починал. Смртта била констатирана од страна на лекар.

Со телесни повреди се здобиле и возачот Р.Ц., нејзината малолетна сопатничка, како и уште една сопатничка од „Даеву Матиз“, С.М. (61) од селото Булачани.

Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје. Истражните постапки се во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде